Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да ја оттргне земјата од нејзиниот евроатлантски пат со зборови кои промовираат непријателство и омраза кон европскa Бугарија, наведува Дељан Пеевски од ДПС, цитиран од прес-центарот на партијата, пренесуваат бугарските медиуми....

јуни 26, 2024 - 01:01
 0  7
Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да ја оттргне земјата од нејзиниот евроатлантски пат со зборови кои промовираат непријателство и омраза кон европскa Бугарија, наведува Дељан Пеевски од ДПС, цитиран од прес-центарот на партијата, пренесуваат бугарските медиуми.

Според Пеевски, арогантно декларираното одбивање да се имплементира договорот со Бугарија, со кој се бара вклучување на Бугарите во Уставот со измени на основниот закон, е грубо кршење на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Тој потсетува дека пред повеќе од еден месец му се обратил на Мицкоски со предупредување да не се обидува да ја користи Бугарија за своите внатрешно-политички цели. Пеевски наведува дека Бугарија нема да остане рамнодушна на уште една провокација.

Дељан Пеевски очекува сите пратеници во бугарскиот парламент и бугарските пратеници во Европскиот парламент, без разлика на нивната партиска припадност, да не ги игнорираат овие алармантни процеси во соседната земја.

Според него, опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Република Северна Македонија. Оценува дека последиците од таа неодговорност не треба да ги сноси македонскиот народ, туку одговорноста треба да биде на политичарите кои го поткопуваат евроатлантскиот пат на државата, пишуваат бугарските медиуми./Извор:Makfax