Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е Општината Чаир. Рече дека полициските службеници влегле и во Сарај и Аеродром, а ќе се прегледува работата и во Општина Кисела Вода. „Сакам да напоменам дека...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е Општината Чаир. Рече дека полициските службеници влегле и во Сарај и Аеродром, а ќе се прегледува работата и во Општина Кисела Вода.
„Сакам да напоменам дека ова се секојдневни активности на МВР. Не е дека јавноста има интерес и се постапува. Ова се тековни активности по кои се постапува секојдневно“, рече Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за дивоградбите.
Прашан од новинарите што е следно, дали дивоградбите ќе се рушат, Тошковски изјави дека мора да се постапи во согласност со законот.
„Ако се утвтрди дека се работи за дивоградба и тоа претставува проблем за безбедноста на граѓаните, секако дека треба да биде предмет на уривање“, рече министерот./Извор:Makfax
