Договорот за жито ќе биде главната тема во вториот руско-африкански самит во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е домаќин на самитот и економскиот форум со африканските држави, ќе има билатерални разговори со своите колеги и ќе им се обрати на учесниците на пленарната седница. На самитот ќе присуствуваат 17 африкански шефови на држави. Кремљ ги обвини западните земји дека се обидуваат да...

јул 27, 2023 - 20:20
 0  2
Договорот за жито ќе биде главната тема во вториот руско-африкански самит во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е домаќин на самитот и економскиот форум со африканските држави, ќе има билатерални разговори со своите колеги и ќе им се обрати на учесниците на пленарната седница.

На самитот ќе присуствуваат 17 африкански шефови на држави. Кремљ ги обвини западните земји дека се обидуваат да ги спречат африканските земји да учествуваат на самитот, втор од ваков вид. Првиот се одржа во 2019 година во Сочи на југот на Русија.

Африканските земји очекуваат да имаат разговори со рускиот претседател Путин за бизнисот со жито, соопшти претседателот на Африканската унија, Азали Асумани.

„Последиците го погодуваат целиот свет, а особено Африка во социо-економските прашања. Затоа мораме да го направиме ова приоритет. Сѐ додека тоа не се случи, мислам дека проблемот со житото и ѓубривата ќе ги засега сите. Ќе разговараме за тоа во Санкт Петербург, ќе разговараме за договорот за жито, за да видиме како можеме да го рестартираме овој договор“, рече Асумани.