СДСМ: За овие 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Социјалдемократите во денешното утринско соопштение порачаа дека за овие 9 месеци, функционери предложени од ВМРО ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол. – Подобро е ДПМНЕ да молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата...

Мар 13, 2025 - 12:00
 0  1
СДСМ: За овие 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Социјалдемократите во денешното утринско соопштение порачаа дека за овие 9 месеци, функционери предложени од ВМРО ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол.

– Подобро е ДПМНЕ да молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ. Капушевски е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури. Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат, велат од СДСМ.

– Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ. СДСМ дава поддршка на истрагата и очеквуаме целосно расветлување на случајот. Секој кој се огрешил треба да одговара, се вели во соопштението на СДСМ.

– Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега, рекоа од СДСМ.