Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот на Русија. Во пожарот се повредени уште две лица, се наведува во соопштението на оперативниот оддел, пренесе Интерфакс. Како што е наведено, пожарот е изгаснат. Оперативните служби утринава околу 09:00...

април 22, 2024 - 17:00
 0  0
Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот на Русија.

Во пожарот се повредени уште две лица, се наведува во соопштението на оперативниот оддел, пренесе Интерфакс.

Како што е наведено, пожарот е изгаснат.

Оперативните служби утринава околу 09:00 часот добиле информација за пожар во работилницата за производство на електрична опрема.