Дронови на МВР ги мониторираат шумските појаси

Како што веќе најави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, а во насока на рана превенција од пожари, полициските служби започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата. Со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се...

авг 6, 2024 - 21:30
 0  1
Дронови на МВР ги мониторираат шумските појаси

Како што веќе најави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, а во насока на рана превенција од пожари, полициските служби започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.

Со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители на истите, информира МВР.