ДУИ: Меѓународен ветинг за неселективна правда

Демократската Унија за Интеграција смета дека напорите за воспоставување неселективна правда, се до ден денес, поттфрлиле. „Сето политичко интерферирање не донесе до 2% доверба на судството поради партискиот притисок во сите години од независноста, од страна на македонските политички партии, кој што продолжува и денес со цел воспоставување селективна правда...

авг 9, 2024 - 18:00
 0  1
ДУИ: Меѓународен ветинг за неселективна правда

Демократската Унија за Интеграција смета дека напорите за воспоставување неселективна правда, се до ден денес, поттфрлиле.

„Сето политичко интерферирање не донесе до 2% доверба на судството поради партискиот притисок во сите години од независноста, од страна на македонските политички партии, кој што продолжува и денес со цел воспоставување селективна правда по партиски терк.

Затоа, поради сите поттфрлања и недоверба, крајно време е да се воспостави меѓународно мониториран ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизацијата и транзицијата во сите 32 години од независноста“, соопшти ДУИ.

Тие ги повикаа политичките партии „да се надминат себеси, да престанат со лов на вештерки и замајување на јавноста за политичко дефокусирање“.

„Заедно да го усвоиме законот за меѓународно мониториран ветинг за сите наводи од независноста до денес“, додаваат од ДУИ./Извор:Makfax