Два авиона биле блиску до судир на небото над Скопје, започната истрага

Според сајтот за следење летови „Флајтрадар24“, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот. Снимка од веб-страницата за следење летови Флајтрадар24, сугерира дека авионите ќе се судреле над скопско Миладиновци. Агенцијата за цивилно...

септември 13, 2024 - 18:00
 0  2
Два авиона биле блиску до судир на небото над Скопје, започната истрага

Според сајтот за следење летови „Флајтрадар24“, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

Снимка од веб-страницата за следење летови Флајтрадар24, сугерира дека авионите ќе се судреле над скопско Миладиновци.

Агенцијата за цивилно воздухопловство(АЦВ) утринава потврди дека постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнатиот судир над Скопје./Извор:Makfax