Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија исфрлајќи пепел до висина од 6 километри: на граѓаните им беше кажано да се евакуираат

Вулканот Ибу на островот Халмахер во Индонезија денеска еруптираше исфрлајќи пепел во висина од шест километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција. Колоната од пепел се движи кон запад, а највисокото предупредување е издадено за воздухопловните власти, како и препорака да се евакуира населението на седум километри од вулканот. Индонезија, архипелаг дом...

мај 27, 2024 - 14:01
 0  4
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија исфрлајќи пепел до висина од 6 километри: на граѓаните им беше кажано да се евакуираат

Вулканот Ибу на островот Халмахер во Индонезија денеска еруптираше исфрлајќи пепел во висина од шест километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција.

Колоната од пепел се движи кон запад, а највисокото предупредување е издадено за воздухопловните власти, како и препорака да се евакуира населението на седум километри од вулканот.

Индонезија, архипелаг дом на 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани.

Вулканската активност во Индонезија е честа бидејќи се наоѓа покрај т.н „Пацифичкиот огнен прстен“, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи./Извор:Makfax