Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на промоцијата на новиот објект на градинката „Пролет“, во општина Центар. Градинката е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на децата и е прва градинка што се гради по 50 години во населбата Пролет. „Ова е еден...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на промоцијата на новиот објект на градинката „Пролет“, во општина Центар.
Градинката е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на децата и е прва градинка што се гради по 50 години во населбата Пролет.
„Ова е еден целосно нов објект, кој ќе ги задоволи потребите на граѓаните коишто живеат во овој дел од градот, а тоа е децата да растат во еден модерен објект по најсовремените светски стандарди“, рече Филипче.
Притоа, Филипче посочи дека овој проект и другите проекти што ги реализира општина Центар се показател како треба градоначалниците да се грижат за граѓаните.
„Со овој архитектонски дизајн пуштаме порака дека кога се грижиме вистински за Скопје, градот може и добро да изгледа. Тоа е една дијаметрална спротивност од оној грд проект Скопје 2014, кој освен тоа што страшно го нагрди градот, нема никаква функционалност“, рече Филипче.
Покрај градинката „Пролет“, општина Центар реализираше уште многу други значајни проекти, како обновувањето на основното училиште „Коле Неделковски“, претпријатието за производство и продажба на електрична енергија, спортската сала „Работнички“ која во полн ек се гради, нови паркови, улично осветлување во општината, и уште многу други проекти кои го надградуваат капацитетот на општина Центар и се во интерес на граѓаните што живеат во оваа општина.