Филипче: Крупните прашања за ЕУ мора да се решаваат, не смее да им ги оставиме на идните генерации

Европскиот процес е целосно блокиран и ставен на страна, а владејачката коалиција покажува не се сака да ги решава големите проблеми како што тоа ние го направивме, знаејќи дека дел од политичкиот рејтинг се губи кога се решаваат крупни прашања за државата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

април 27, 2025 - 02:00
 0  0
Филипче: Крупните прашања за ЕУ мора да се решаваат, не смее да им ги оставиме на идните генерации

Европскиот процес е целосно блокиран и ставен на страна, а владејачката коалиција покажува не се сака да ги решава големите проблеми како што тоа ние го направивме, знаејќи дека дел од политичкиот рејтинг се губи кога се решаваат крупни прашања за државата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Филипче потенцираше дека не може една Влада да владее, а притоа да не ги решава крупните проблеми во државата и државата да стагнира.
Во интервјуто, тој посочи дека барањата на Бугарија очигледно не се од сега и не се нови, но и дека тоа се барања кои секако во некој момент било која Влада ќе ги добиела од Бугарија, било да е тоа СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

„Но имаме обврска да ги затвориме прашањата, да преговараме, имаме обврска затоа што тоа е прво меѓународен договор. Зошто да ги оставиме тие прашања да ги решаваат некои идни генерации, за некакви архиви, за тајни служби, за држава во која што никој од следните генерации не живеел. Дајте да ги затвориме тие прашања. Притоа се користи страшно лоша пропаганда за dа се намали апетитот за ЕУ односно дека ние сме донеле лош предлог и загрозени биле нашиот идентитет и јазик. Ниту еден елемент од нашиот идентитет, јазик, нација не е загрозен, сето тоа е потврдено во сите документи“, рече Филипче.

Тој посочи дека и париите од албанскиот блок а кои се дел од владеачката коалиција, имаат обврска кон граѓаните за исполнување на нивното ветување во однос на европското прашање.

„И овие превирања коишто се случуваат во албанскиот блок можеби се и партиски интереси во пресрет на локалните избори, меѓутоа сигурно тука има и една димензија во однос на европското прашање, поради тоа што партиите на коалицијата Вреди ветија дека ќе ги испорачаат Уставните измени и тоа сега албанските граѓани во тој дел го очекуваат од нив. Не знам како ќе излезат на избори кога јасно се дел од антиевропска владеачка коалиција“, рече Филипче.

Притоа, тој нагласи дека крупните прашања кои се од инетерс на државата, мора да се решаваат заеднички и само преку процес на преговори може да има напредок.
„Не вредат инвестициите кои што се најавуваат од страна на Владата ако не се врзани со структурни реформи во државата. Ако структурните реформи не се водат паралелно со инвестициите, тогаш ние системот нема да го зајакнеме и нема да видиме никаков бенефит. Граѓаните нема да видат никаков бенефит од тие инвестиции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.