Филипче: Лекцијата за односите со албанските коалициски партнери добро ја научивме

Потребата да се одржи стабилноста на државата и на Владата го доведе СДСМ во позиција да отстапи премногу на коалицискиот партнер од албанскиот блок, ДУИ. Но, лекција од тоа добро ја научивме. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“. Според Филипче, иако целта на...

авг 19, 2024 - 00:00
 0  2
Филипче: Лекцијата за односите со албанските коалициски партнери добро ја научивме

Потребата да се одржи стабилноста на државата и на Владата го доведе СДСМ во позиција да отстапи премногу на коалицискиот партнер од албанскиот блок, ДУИ. Но, лекција од тоа добро ја научивме. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“. Според Филипче, иако целта на ваквите потези секогаш била заштита на интересот на граѓаните, сепак процесите не биле поволни за СДСМ.

„СДСМ не беше во поволна позиција во коалицијата со ДУИ со оглед на изборниот резултат и распределбата на гласовите. Во такви услови практично беше потребно постојано одржување на стабилноста на Владата. Тука можеби се отстапи премногу простор како во ресорите така и во јавниот комуникациски простор. Ова е лекција која добро ја научивме. Во иднина и по цена да не се формира Влада нема да дозволиме да бидеме во подредена позиција“, вели Филипче во интервјуто.

Сепак, тој потенцира дека ништо поразлична не е позицијата на ВМРО-ДПМНЕ и нивното замижување пред реформските и кадровски предлози од нивниот коалиционен партнер од албанскиот блок.

„Сега го гледаме ВМРО-ДПМНЕ кое има речиси самостојно мнозинство како замижува пред кршењето на законите на албанските партнери, пред назначување на некомпетентни кадри и пред очигледната неспособност да се води Владата“, вели Филипче.