Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е слепа за беззаконието на албанскиот партнер во Владата
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека една од причините зошто разочарувањето од новата Влада е толерирањето на беззаконието кое од првиот ден го спроведува ВЛЕН во Владата. „Тие ги погазија основните вредности и принципи со кои ги придобија гласачите. Го напаѓаа СДСМ дека се однесува поданички кон ДУИ, но...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека една од причините зошто разочарувањето од новата Влада е толерирањето на беззаконието кое од првиот ден го спроведува ВЛЕН во Владата.
„Тие ги погазија основните вредности и принципи со кои ги придобија гласачите. Го напаѓаа СДСМ дека се однесува поданички кон ДУИ, но тие и покрај огромното мнозинство се во ситуација да замижуваат пред незаконските дејствија од албанскиот коалициски партнер. Да не ги споменувам и скандалозните назначувања кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги одобруваат“-изјави Филипче во интервју за неделникот „Фокус“.