Филипче: ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за намалување на платите на функционерите за 20 илјади денари, па кога сфатија дека ги згрешиле пресметките го повлекоа

Дајте да ги намалиме платите на функционерите. Ова е повикот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатен до колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче на денешната прес-конференција истакна дека Законот за плата и други надоместоци на избрани и на именувани лица, што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа пред некој ден, подоцна...

дек 25, 2024 - 17:00
 0  0
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за намалување на платите на функционерите за 20 илјади денари, па кога сфатија дека ги згрешиле пресметките го повлекоа

Дајте да ги намалиме платите на функционерите.

Ова е повикот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатен до колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче на денешната прес-конференција истакна дека Законот за плата и други надоместоци на избрани и на именувани лица, што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа пред некој ден, подоцна го повлекле бидејќи сфатиле дека со него си ги намалуваат платите.

„Поднесоа закон во Собранието, меѓутоа направија грешка во пресметката на процентите. И кога сфатија во текот на вчерашниот ден дека со тој закон платите на функционерите ќе се намалеа за 20 илјади денари, законот набрзина го повлекоа и поднесоа нов со нова пресметка“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави на власт е целосно спротивно од тоа што го ветуваше како опозиција и во изборната кампања.

„Не ги намалија функционерките плати како што ветуваа. Сега ја сменија плочата од времето на кампањата и велат дека платите на функционерите ќе стагнираат. Не колеги пратеници. Дајте да го изгласаме првиот закон. Дајте да ги намалиме платите на функционерите“, истакна Филипче.