Фицо ќе преживее: Словачкиот премиер надвор од животна опасност

Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба изјави вечерва дека верува оти премиерот Роберт Фицо е надвор од животна опасност и оти ќе го преживее обидот за атентат што се случи рано денеска. „За среќа, колку што знам, операцијата помина добро и замислувам дека на крајот ќе преживее. Во моментов е надвор од...

мај 16, 2024 - 04:00
 0  5
Фицо ќе преживее: Словачкиот премиер надвор од животна опасност

Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба изјави вечерва дека верува оти премиерот Роберт Фицо е надвор од животна опасност и оти ќе го преживее обидот за атентат што се случи рано денеска.

„За среќа, колку што знам, операцијата помина добро и замислувам дека на крајот ќе преживее. Во моментов е надвор од животна опасност“, изјави Тараба за Би-Би-Си.

Тој истакна дека напаѓачот пукал од непосредна близина.
„Тој беше тешко повреден. Еден куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил зглобот. Веднаш беше однесен во болница и опериран“, изјави Тараба.

Тој ја обвини опозицијата во земјата дека користи „лажни наративи“ и дека зборува за Фиц „речиси како чудовиште“, велејќи дека таквите коментари немаат место во демократијата.

Претходно денеска министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток изјави дека нападот врз Фиц е политички мотивиран и дека напаѓачот одлуката ја донел по претседателските избори пред повеќе од еден месец.

Тој ги повика луѓето „да не шират омраза“ на социјалните мрежи и додаде дека во наредниот период ќе се зајакне заштитата на државните функционери и политичките претставници на владејачката коалиција и опозицијата, како и на поединечни медиуми.

Министерката за здравство Зузана Долинкова објави дека Фицо е „во најдобри раце“ кои се грижат за неговото здравје, додавајќи дека премиерот се уште е во операциона сала. „Верувам дека се ќе оди добро.

Држам скрстени прсти и му посакувам многу сила не само на него, туку и на медицинскиот персонал кој во овој момент навистина се бори за неговиот живот“, изјави таа.

Претходно денеска, по седницата на Владата во градот Хандлова, беше убиен премиерот на Словачка кога напаѓачот испука неколку куршуми од непосредна близина.

Премиерот е префрлен во болницата во Банска Бистрица во многу тешка состојба.