Фудбалер осуден на доживотен затвор за убиство на поранешна девојка, ја нападнал со чекан и тупаници

Поранешниот италијански фудбалер (28) и модел Џовани Падовано е осуден на доживотен затвор за убиство на својата поранешна девојка Алесандра Матеучи (56). Сè се случило само неколку недели откога таа го пријавила дека ја демне. Падовани ја чекал пред куќата и ја претепал по што таа починала. Поранешниот фудбалер ја...

февруари 13, 2024 - 16:00
 0  0
Фудбалер осуден на доживотен затвор за убиство на поранешна девојка, ја нападнал со чекан и тупаници

Поранешниот италијански фудбалер (28) и модел Џовани Падовано е осуден на доживотен затвор за убиство на својата поранешна девојка Алесандра Матеучи (56).

Сè се случило само неколку недели откога таа го пријавила дека ја демне. Падовани ја чекал пред куќата и ја претепал по што таа починала.

Поранешниот фудбалер ја забележал додека разговарала на телефон со својата сестра Стефанија, која слушнала вресоци додека ја нападнал, прво, со чекан и тупаници, потоа со бејзбол-палка, а на крајот и со клупа, што ја нашол во блискиот парк.

„Таа излезе од автомобилот и почна да вика: ‘Не, Џовани, те молам’. Бев на телефон. Веднаш повикав полиција, која набргу пристигна“, изјави сестрата на убиената.

Брзата помош бргу реагирала, но ѝ немало спас.

Падовани и пред ова злосторство извршил насилство врз својата поранешна девојка. Тој кршел работи околу нејзината куќа, постојано ѝ се јавувал и ѝ пишувал по раскинувањето поради што го пријавила во полиција. Тоа, сепак, не го спречило, па се обидел да ѝ го оштети автомобилот и соседите го виделе како се качува на терасата, како што пишува „Дејли мејл“.