Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер./Извор:Makfax