„Газдата ми рече бегај“: исповед на работник од забавниот парк во Пефкохори, каде што загина млад човек

Момчето што управуваше со вртелешката во забавниот парк во Пефкохори, каде што минатата недела загина млад човек (19), тврди дека, по несреќата, газдата му наредил да побегне велејќи дека посетителите ќе го линчуваат. Кобната несреќа се случи на 19 август кога Јани дошол со мајка си и браќата во лунапаркот...

авг 27, 2024 - 18:00
 0  2
„Газдата ми рече бегај“: исповед на работник од забавниот парк во Пефкохори, каде што загина млад човек

Момчето што управуваше со вртелешката во забавниот парк во Пефкохори, каде што минатата недела загина млад човек (19), тврди дека, по несреќата, газдата му наредил да побегне велејќи дека посетителите ќе го линчуваат.

Кобната несреќа се случи на 19 август кога Јани дошол со мајка си и браќата во лунапаркот да се забавува. Кога тој и брат му биле на вртелешката, седиштето се скршило, Јани излетал, паднал на бетонот и останал мртов на местото.

Во драмата што следувала, момчето што управувало со рингишпилот побегнало од местото на несреќата, а на полицијата ѝ се предал дури следниот ден кога слушнал дека го уапсиле газдата, сопственик на забавниот парк.

„Во шок сум. Многу ми е тешко. Сочувство до семејството на загинатиот. Се исплашив бидејќи првпат гледам такво нешто во животот. Жалам за тоа… Детето неправедно умре, но повторно не сум јас виновен, им изразувам сочувство на родителите“, рече младиот човек, кој управуваше со рингишпилот.

Тој тврди дека во моментот на трагедијата не бил под дејство на алкохол.

„Рингишпилот имаше неколку сини и жолти столчиња, но само розовите беа добри, а тој човек седеше на синото столче. Шефот ми рече да ги префрлам луѓето само на розовите столчиња. Така што ги преместив“.

Вели дека по немилиот настан, сè било хистерично.

„Бев во шок. Исплашен. Ми рекоа да одам, дека посетителите ќе ме линчуваат. Тоа ми го кажа лице што со години работи во забавниот парк, кое е партнер на сопственикот. Отидов да се напијам малку вода, да се смирам. Кога се вратив, ми рекоа да си одам дома да не ме види никој. Отидов дома, ми рекоа да си ги спакувам работите, дека ќе ме однесат во Кукуш, каде што ќе се кријам два дена“, тврди момчето.

Посочува и дека не знаел во каква состојба се машините во забавниот парк.

„Да знаев, немаше да ги оставам да седнат на вртелешката, ништо не знаев“, рекол младиот човек.

Јани загина на 19 август во вечерните часови во забавен парк во Пефкохори. Со него на вртелешката бил и помалиот брат (16), а другиот брат и мајка му ги гледале како се возат./Извор:Makfax