Герасимовски: МВР веднаш да реагира за вандалското однесување вечерва во Капиштец!
Во населбата Капиштец, вечерва повторен вандализам од малолетни лица со непримерно однесување. Група малолетници вечерва кршат шишиња, палат петарди и предизвикуваат тепачки, со што директно го загрозуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. „Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани,...
Во населбата Капиштец, вечерва повторен вандализам од малолетни лица со непримерно однесување. Група малолетници вечерва кршат шишиња, палат петарди и предизвикуваат тепачки, со што директно го загрозуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.
„Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага”, вели градоначалникот Герасимовски.
Очекуваме брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија. Малолетниците кои се вклучени во вакви дејства, како што е вандализмот, често не се свесни за последиците од своето однесување. Ова не само што им наштетува на другите, туку можат да се повредат и тие самите.