Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден, во полициските станици во Скопје се пријавени три каснувања од кучиња скитници. На 12.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, И.К.Ј.(39) од Скопје пријавила дека на пешачката патека покрај река Вардар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 12.08.2024 околу...

авг 13, 2024 - 18:00
 0  0
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден, во полициските станици во Скопје се пријавени три каснувања од кучиња скитници.

На 12.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, И.К.Ј.(39) од Скопје пријавила дека на пешачката патека покрај река Вардар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 12.08.2024 околу 11.45 часот во Полициската станица Драчево, М.У.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 12.08.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Кисела вода, М.С.(39) од Скопје пријавила дека на автопатот „Пријателство“ во близина на Велес била касната од куче скитник./Извор:Makfax