Гром го остави без струја дебарско-струшкиот регион

Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија. Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар. „Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект...

мај 26, 2024 - 11:00
 0  3
Гром го остави без струја дебарско-струшкиот регион

Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија.

Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар.

„Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот“, велат од ЦУК.

Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи./Извор:Makfax