ИМА ШТЕТИ: Силно невреме со пороен дожд и град вечерва ја погоди Струмица
Нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во централниот дел од земјата,нестабилноста се движи од северозапад кон југоисток. Според информациите струмичкиот регион бил погоден од силно невреме со град, а има и штети. ???? Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо Китанов, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило...

Нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во централниот дел од земјата,нестабилноста се движи од северозапад кон југоисток.
Според информациите струмичкиот регион бил погоден од силно невреме со град, а има и штети.
Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо Китанов, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 2 пожарникари-спасители интервенираше на отстранување на паднато дрво врз автомобил. За кратко време дрвото е отстрането од улицата.
Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број
1⃣1⃣2⃣ / 1⃣9⃣3⃣, информираа од Пожарникари-Струмица