Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, соопшти СДСМ

Соопштение на СДСМ: Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%. Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде...

ноември 7, 2025 - 15:30
 0
Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, соопшти СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%.

Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат.

Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите.

Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат.

За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард.