Заменик претседателот на Владата Фетаи на средба со швајцарскиот амбасадор Сомер

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерацијата во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер. Потпретседателот на Владата, г. Фетаи, го информираше новиот амбасадор за работата на неговиот Кабинет, притоа посакувајќи му топло добредојде и изразувајќи желба за продолжување...

ноември 7, 2025 - 15:30
 0
Заменик претседателот на Владата Фетаи на средба со швајцарскиот амбасадор Сомер

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерацијата во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер.

Потпретседателот на Владата, г. Фетаи, го информираше новиот амбасадор за работата на неговиот Кабинет, притоа посакувајќи му топло добредојде и изразувајќи желба за продолжување на соработката, истакнувајќи ја одличната соработка со досегашната амбасадорка, Н.Е. Вероник Хулман, и изразувајќи благодарност.

Амбасадорот Сомер беше информиран за главните столбови на работата на Кабинетот за добро владеење, како што се борбата против корупцијата, финансиските истраги и конфискацијата на нелегално стекнат имот, соработката со граѓанскиот сектор и транспарентноста во работата на Владата и јавните институции. Заменик-претседателот Фетаи, исто така, го запозна амбасадорот со најновите случувања во земјата, вклучително и локалните избори и плебисцитарната победа на коалицијата ВЛЕН.

Меѓу другото, на средбата беа реафирмирани насоките на соработката, изградени со години на пријателство, доверба и взаемна почит меѓу Северна Македонија и Швајцарија, како и конкретни проекти од значење за граѓаните, како што се дигитализацијата на јавните услуги, унапредувањето на транспарентноста, владеењето на правото и одржливиот локален развој.

Швајцарија, како стратешки партнер на нашата земја, продолжува да ги поддржува нашите напори за зајакнување на институциите и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции. Партнерството меѓу Владата на Република Северна Македонија и Конфедерацијата Швајцарија останува силно, стабилно и посветено на напредокот и развојот на нашата земја.

фото Кабинет на заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење