Изгаснат пожарот помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци

Целосно е изгаснат пожарот во Скопско што избувна попладнето помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци. -Интервениравме е на отворен простор помеѓу Ајватовци, Грушино и Бучинци откако првично е запалено стрниште кое се префрлило во површина со деградирана шума која се закануваше поради ветрот да помине и во боровите над Ајватовци, изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на град Скопје Звонко Томевски. Тој соопшти дека во гаснењето учествувале три противпожарни возила и 14 пожарникари и четири лица од доброволното протовпожарно друштво од Општина Илинден, како и два авиона „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување. Центарот за управување со кризи претходно информираше дека е локализиран големиот шумски пожар над велешкото село Отовица, што исто така избувна попладнето, на локација на која и завчера имало пожар. Со пожарот е зафатена поголема површина на борова шума на непристапен терен, а во гаснењето исто така интервенираа авиони од ДЗС, како и 20-тина пожарникари од ТППЕ Велес со противпжарни возила, вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од селото. (МИА)

авг 2, 2023 - 20:50
 0  2