Излета автомобил, повредени момче и девојка на возраст од 20-тина години
На 02.11.2025 во 19:11 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на патот Делчево-с.Ѕвегор, делчевско, патничко возило „ауди а4“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од с.Ѕвегор, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А. и 19-годишната сопатничка А.М. од с. Нов Истевник,...
На 02.11.2025 во 19:11 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на патот Делчево-с.Ѕвегор, делчевско, патничко возило „ауди а4“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од с.Ѕвегор, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А. и 19-годишната сопатничка А.М. од с. Нов Истевник, делчевско, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Делчево.