Хаос во Германија: Автомобил влета во толпа, неколку мртви

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени кога денеска автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Манхајм, јавија германските медиуми. Според „Mannheimer Morgen“, автомобилот со голема брзина се движел низ центарот на градот пред да удри во толпа луѓе, при што едно лице загинало. Според „Билд“, состојбата...

Мар 3, 2025 - 15:00
 0  1
Хаос во Германија: Автомобил влета во толпа, неколку мртви

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени кога денеска автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Манхајм, јавија германските медиуми.

Според „Mannheimer Morgen“, автомобилот со голема брзина се движел низ центарот на градот пред да удри во толпа луѓе, при што едно лице загинало.

Според „Билд“, состојбата на повредените е тешка.

Во тек е голема акција за одговор при итни случаи, а голем број полицајци се присутни во центарот на градот.

Според информациите од новинарите на местото на настанот, мостовите кон Лудвигсхафен биле блокирани од тешко вооружена полиција, пренесува „Манхајмер Морген“.

Медиумите јавуваат дека едно лице лежи под церада на местото на настанот.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат голем број полицајци на улица, додека некои луѓе лежат на улица.

„Билд“ пренесува дека возачот на автомобилот кој влета во толпата е приведен.