Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ, да продолжи Богданци да се развива

На вечерашниот собир во Богданци, потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, побара поддршка за кандидатот за градоначалник Блаже Шапов и советничката листа на СДСМ и коалицијата, потенцирајќи дека „на овие чесни луѓе мора да им се даде шанса да продолжат да ја водат Општина Богданци во вистинската насока“. „Во последните осум...

окт 14, 2025 - 11:30
 0
Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ, да продолжи Богданци да се развива

На вечерашниот собир во Богданци, потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, побара поддршка за кандидатот за градоначалник Блаже Шапов и советничката листа на СДСМ и коалицијата, потенцирајќи дека „на овие чесни луѓе мора да им се даде шанса да продолжат да ја водат Општина Богданци во вистинската насока“.

„Во последните осум години Богданци е пример за успешно и одговорно управување. Под раководство на Блаже Шапов, реконструирани се улици во Богданци и Стојаково, саниран е полскиот пат во Бозелот, реконструиран мостот на Луда Мара, како и Домовите на културата. Извршена е реконструкција на водоводната мрежа, изработена е техничка документација за фекална и атмосферска канализација, а воведени се и нови современи услуги – бесплатен Wi-Fi, лична асистенција и помош во домот, документација за е-полначи и стратегија за туризам,“ нагласи Костова.

Таа посочи дека Богданци е мала, но напредна општина, токму благодарение на визијата и трудот на Шапов и тимот на СДСМ:

„Овде има ред, функционалност и транспарентност. Богданци е општина која работи за граѓаните. За разлика од тоа, општините под контрола на ДПМНЕ се заробени од партиски интереси и лични профити.“

Костова предупреди дека не смее да се дозволи општината да падне во рацете на „дпмневските злонамерници“ кои не мислат на народот:

„Ова не е време за апатија, ниту за молк. Ова е време за одлука – дали ќе го браниме домот што го градиме со децении, или ќе гледаме како се руши цигла по цигла. Апстиненцијата не е казна за СДСМ, туку награда за ДПМНЕ. Ако не гласаме, им ја препуштаме државата на тие што мислат само на себе.“

Во обраќањето, таа повика на мобилизација и заедништво пред и на 19 октомври:

„Се бориме за нашиот дом! За Богданци, за Македонија, за секоја куќа, за секоја улица и за секој човек што верува дека оваа земја може подобро. Оваа есен мораме да ја продолжиме борбата против злонамерниците, против олигархијата, против угнетувачите и институционалните паразити. Победата во Богданци ќе биде почеток на нови победи низ целата држава. Оваа есен се бориме за надеж. За нашата иднина, за нашиот дом. Богданци победува со СДСМ!“