Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажува очајни резултати на поле на економија, посочува потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Кристина Костова, во интервју за порталот Фронтлајн. Костова додава дека Владата покажува тотална негрижа за животниот стандард на граѓаните, а економијата тоне. „Тоа е највидливата слабост на долгиот список нивни...

мај 11, 2025 - 16:00
 0  1
Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажува очајни резултати на поле на економија, посочува потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Кристина Костова, во интервју за порталот Фронтлајн.

Костова додава дека Владата покажува тотална негрижа за животниот стандард на граѓаните, а економијата тоне.

„Тоа е највидливата слабост на долгиот список нивни недостатоци. Народот тоне во сиромаштија, не се исплаќаат плати навреме, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 500 евра, што е минимум за пристоен живот“, вели Костова.

Притоа, таа потенцира дека додека граѓаните тонат во сиромаштија, а економските параметри одат надолу, Владата се луксузира со народни пари, со прескапи посети во странство од кои нема никаков видлив придонес во надворешната политика.

„Додека индустриското производство и извозот паѓаат, а цените на режиските трошоци се качуваат, додека странските инвестиции си заминуваат, а проекциите на Светска банка покажуваат најнизок економски раст во регионов, Владата на ДПМНЕ и Мицкоски троши народни пари за да се луксузира со егзотични производи како манго и папаја, но и на прескапи екскурзии во САД и Јапонија. Од народни пари шетаат, летаат во бизнис класа и престојуваат во прескапи хотели. Шетаат само за да се прошетаат, а нема никаков видлив придонес на надворешен план од нивните екскурзии“, вели Костова.

Во интервјуто Костова истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е влада со најслаб старт и најмногу скандали во толку краток период.

“Внатрешните проблеми се рефлексија на лошите резултати и лошиот перформанс на целата влада, која повеќе се занимава сама со себе, а не испорачува“, порача потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.