САД и Кина постигнаа договор
САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите што се одржаа викендов. Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека двете страни ќе ги намалат своите царини за 115%, откако се согласија за 90-дневна пауза....

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите што се одржаа викендов.
Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека двете страни ќе ги намалат своите царини за 115%, откако се согласија за 90-дневна пауза.
Тоа е значителна деескалација на трговската војна што ескалираше минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ги зголемија царините за кинеските стоки на 145% (вклучувајќи дополнителни 20% наметнати за ограничување на увозот на фентанил во САД), додека Пекинг возврати со царини од 125% за американскиот увоз.
Бесент им рече на новинарите дека двете страни покажале големо почитување за време на разговорите и дека двете страни сакаат избалансирана трговија./Извор:Makfax