Ковачевски официјално го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ

Ковачевски официјално го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ, побара свикување Конгрес и организирање внатрепартиски избори. Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и...

мај 22, 2024 - 20:00
 0  6
Ковачевски официјално го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ

Ковачевски официјално го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ, побара свикување Конгрес и организирање внатрепартиски избори.

Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати, соопшти денеска СДСМ.