Кремљ се закани: Ќе одговориме на конфронтирачката реторика на ЕУ
Кремљ се закани дека ќе одговори на „конфронтирачката реторика“ од Брисел. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на дневна прес-конференција рече: „Европската унија сега активно разговара за нејзината милитаризација, особено за развојот на одбранбениот сектор. Ние внимателно го следиме овој процес бидејќи ЕУ ја претставува Русија како главен непријател. Оваа...

Кремљ се закани дека ќе одговори на „конфронтирачката реторика“ од Брисел.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на дневна прес-конференција рече: „Европската унија сега активно разговара за нејзината милитаризација, особено за развојот на одбранбениот сектор. Ние внимателно го следиме овој процес бидејќи ЕУ ја претставува Русија како главен непријател. Оваа милитаризација е главно насочена против Руската Федерација. Ова може да биде сериозна причина за загриженост и може да не принуди да преземеме соодветни мерки за да ја обезбедиме нашата сопствена безбедност. Се разбира, оваа конфронтирачка реторика и дискусии во Брисел и европските престолнини се во целосна спротивност со напорите за изнаоѓање мирно решение во Украина“.
Песков, исто така, рече дека Русија е „во контакт“ со САД за подготовките за преговорите за Украина, но дека „нема нови детали“ и дека Москва сè уште не назначила главен преговарач за разговори со САД./Извор:Makfax