Кузеска: Граѓаните се спремаат за бојкот на маркетите затоа што Владата не ги заштити
-Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи. Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените,...
-Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи. Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за кошничките и негрижата за граѓаните, доведуваат до тоа граѓаните сами да се справуваат со проблемот. СДСМ со месеци апелираше и нудеше конкретни решенија за проблемот со цените. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати веќе проверените мерки со кои СДСМ се бореше со ценовните шокови, тие решија да го остават проблемот и да го менаџираат со лажни кошнички. Резултатот го гледаме денес, осиромашени граѓани кои треба да бираат кој од основните производи да го купат, рече во одговор на прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
-Повикуваме на тоа Владата итно да донесе мерки за заштита на граѓаните кои ги нуди СДСМ. Време е Мицскокси да сфати дека треба да работи во итерес на граѓаните, економската состојба е крајно алармантна, додаде Кузеска.