Претседателката на Република Македонија Сиљановска Давкова ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Причина за посетата беше реафирмирањето на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ за официјална посета на Република Србија. Претседателката ја прифати поканата, а терминот на остварување на средбата ќе биде дополнително определен. Исто така,...
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Причина за посетата беше реафирмирањето на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ за официјална посета на Република Србија.
Претседателката ја прифати поканата, а терминот на остварување на средбата ќе биде дополнително определен. Исто така, српската амбасадорка ѝ врачи на Претседателката покана за учество на специјализираната меѓународна изложба ЕXPO 2027, што ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август.
Претседателката изрази благодарност и спремност за учество на истата, акцентирајќи го значењето на овој меѓународно признат настан, не само за Република Србија и регионот, туку и пошироко.
Во текот на разговорот уште еднаш беа потврдени извонредните македонско – српски односи со желба за нивно продолжување.