Левица: Ревизија на сите тендери во Аеродром!

Соопштение на Левица: 750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол“, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати! Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска! Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори! Левица ќе стави...

окт 17, 2025 - 10:00
 0
Левица: Ревизија на сите тендери во Аеродром!

Соопштение на Левица:

750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол“, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати!

Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска!

Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори!
Левица ќе стави крај на ваквите тендер шеми во Аеродром!

По преземање на општината:

Ќе направиме ревизија на сите тендери.

Ќе следат кривични пријави за секој надуен и криминален договор кој излегува од рамките на пазарната цена.

Доста беше со шминкање на реалноста во #Аеродром

Време е #Левица да донесе правда, отчетност и народна власт!