Лидл препозна дека Отворен Балкан придонесува за напредок и економски просперитет, дали тоа го гледа и владата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди?

Гигантот Лидл за изградба на дистрибутивниот центар во земјава ги користи придобивките од иницијативата Отворен Балкан за ангажирање на работници. Тие ангажираат вработени преку мерката слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан која за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија почна важи од 5...

авг 14, 2024 - 18:00
 0  1
Лидл препозна дека Отворен Балкан придонесува за напредок и економски просперитет, дали тоа го гледа и владата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди?

Гигантот Лидл за изградба на дистрибутивниот центар во земјава ги користи придобивките од иницијативата Отворен Балкан за ангажирање на работници. Тие ангажираат вработени преку мерката слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан која за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија почна важи од 5 март 2024 година, пишува „Рацин.мк“.

Со потпишаните договори во рамките на Отворен Балкан на граѓаните им се овозможува да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Кога беше опозиција ВМРО-ДПМНЕ го кочеше и гласањето во Собранието за договорите од „Отворен Балкан“ со кои што работници од Македонија, Србија и Албанија можат да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, но Мицкоски велеше дека „потребни ни се проекти што ги зближуваат соседите“.

Од друга страна неговиот партнер во владината коалиција, Арбен Таравари, не е „фан“ на Отворен Балкан. Тој за време на неговата претседателска кампања, како еден од своите програмски приоритети најави иницијатива за излегување на земјата од Отворен Балкан, истакнува „Рацин.мк“.

Од ставот на Владата за Отворен Балкан ќе зависи иднината на договорените проекти, но она што го занемаруваат скептиците и противниците на регионалната соработка, која се подигна на повисоко рамниште, е дека оваа мерка придонесува кон напредок и економски просперитет имајќи ја предвид важноста на полето на движење на работниците, се истакнува во текстот на „Рацин.мк“.

Мерката, како и другите принципи на кои се градеше иницијативата, во целост е усогласена и го почитува спроведувањето на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ. Со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот земјите вклучени во Отворен Балкан ја потврдија подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел за економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестициите и можностите за вработување во регионот.