Малдиви воведоа трајна забрана за тутун за сите родени по 2007 – мерката веќе стапи во сила
Малдивската влада го стави во примена првиот закон во светот кој воведува „генерациска бариера“ за тутун, соопшти Министерството за здравство на оваа држава. Согласно правилата што започнаа да важат на 1 ноември, сите лица што се родени на или по 1 јануари 2007 година нема да смеат да купуваат, поседуваат...
Малдивската влада го стави во примена првиот закон во светот кој воведува „генерациска бариера“ за тутун, соопшти Министерството за здравство на оваа држава. Согласно правилата што започнаа да важат на 1 ноември, сите лица што се родени на или по 1 јануари 2007 година нема да смеат да купуваат, поседуваат или користат какви било тутунски производи.
Мерката ја иницира претседателот Мохамед Муизу, според официјалното образложение, целта е да се намали товарот врз здравствениот систем и постепено да се создаде генерација која не влегува во ротација со зависност од никотин.
Обврски има и за продавачите: тие мора да ја утврдат точната возраст на секој потенцијален купувач пред продажба. Правилата важат подеднакво и за жителите и за туристите што престојуваат на островите.
Покрај ова, Малдиви веќе имаат широка забрана поврзана со електронски цигари – увоз, комерцијална продажба, дистрибуција и употреба на е-цигари и вejп уреди се недозволени за сите, без ограничувања по години на старост.
Казнените одредби се строги. Секој кој ќе продаде тутунски производ на лице кое спаѓа во забранетата генерација се соочува со глоба од 50.000 руфии (околу 3.200 долари). За користење на вејп уреди – казната е 5.000 руфии (приближно 320 долари).