Марија Габриел од ГЕРБ го враќа мандатот, повторно избори во Бугарија

Марија Габриел од ГЕРБ која требаше да ја состави новата влада на Бугарија денеска најави дека утре ќе му го врати мандатот на претседателот Румен Радев. Неуспехот на Габриел да формира влада ја води Бугарија во нови избори. – Утре ќе поднесам известување дека ја повлекувам мојата кандидатура за премиерка....

Мар 25, 2024 - 11:00
 0  1
Марија Габриел од ГЕРБ го враќа мандатот, повторно избори во Бугарија

Марија Габриел од ГЕРБ која требаше да ја состави новата влада на Бугарија денеска најави дека утре ќе му го врати мандатот на претседателот Румен Радев. Неуспехот на Габриел да формира влада ја води Бугарија во нови избори.

– Утре ќе поднесам известување дека ја повлекувам мојата кандидатура за премиерка. Партијата ГЕРБ нема да учествува во преговори за втор мандат, рече мандатарката Марија Габриел. Таа додаде дека можно е да се најдат заеднички точки за коалициска влада, но дека сепак е подобро на нив да се навратат по уште едни избори.

Марија Габриел најави дека ќе остане вицепремиер и министерка за надворешни работи се до формирање на новиот состав на бугарскиот парламент и потоа новата влада.