Марта Кос предложена за нова комесарка за проширување на ЕУ

Новата комесарка за проширување во новата Европска комисија ќе биде Словенката Марта Кос, соопшти денеска во Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Словенечката дипломатка ќе биде задолжена и за источното соседство на ЕУ. Кос ќе работи на поддршка на Украина, ќе продолжи да работи на обновата...

септември 17, 2024 - 18:00
 0  2
Марта Кос предложена за нова комесарка за проширување на ЕУ

Новата комесарка за проширување во новата Европска комисија ќе биде Словенката Марта Кос, соопшти денеска во Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Словенечката дипломатка ќе биде задолжена и за источното соседство на ЕУ.

Кос ќе работи на поддршка на Украина, ќе продолжи да работи на обновата на таа земја и ќе ги поддржува земјите кандидати да се подготват за пристапување во ЕУ, изјави Фон дер Лајен на конференцијата на претседателите на политичките групи во Европскиот парламент.

Новата ЕК треба да ја преземе функцијата на 1 декември, еден месец подоцна од планираното./Извор:Makfax