Маж пукал во кино додека се прикажувал детски филм во Ливерпул

Англиската полиција уапсила маж осомничен дека пукал во полно кино, каде што родители и деца го гледале детскиот филм „Вонка“, со што завршила неколкучасовната потера, пренесува „Сан“. Полицијата соопшти дека мажот првин упаднал во трафика во близина во 20 часот и му се заканил на вработен барајќи пари пред да...

Јан 4, 2024 - 17:00
 0  1
Маж пукал во кино додека се прикажувал детски филм во Ливерпул

Англиската полиција уапсила маж осомничен дека пукал во полно кино, каде што родители и деца го гледале детскиот филм „Вонка“, со што завршила неколкучасовната потера, пренесува „Сан“.

Полицијата соопшти дека мажот првин упаднал во трафика во близина во 20 часот и му се заканил на вработен барајќи пари пред да пука и да замине со празни раце.

Продавачот не бил повреден за време на инцидентот.

Неполн час подоцна, тој упаднал во кино и им се заканувал на вработените во фоајето пред да го напушти објектот, но успеал да испука неколку истрели во воздухот и да побегне со автомобил.

Малку подоцна, околу 22.20 часот по локално време, на патот Малпас се слушнале нови пукотници.

Полицијата утринава соопшти дека 49-годишен маж е уапсен во Фазаркерли, предградие на Ливерпул. Кога се обиделе да го приведат, мажот бил агресивен поради што користеле „тејзер“ (електричен шок).

Тој е обвинет за поседување оружје со намера да ги загрози животите на другите и грабеж, а бил одведен во полициската станица во квартот Мерсисајд, каде што му е одреден притвор.