Мицкоски: Денес е историски ден, време е да ги засукаме ракавите

Денес е историски ден. Почнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на седницата за избор на влада. „Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја....

јуни 22, 2024 - 18:01
 0  4
Мицкоски: Денес е историски ден, време е да ги засукаме ракавите

Денес е историски ден. Почнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на седницата за избор на влада.

„Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја. Нашите граѓани во минатото се соочуваа со многу предизвици, но секогаш беа лојални кон државата и правеа се’ за таа да биде слободна, независна и просперитетна. Иако имаше разочарувања и предизвици, граѓаните опстојуваа и гордо ги поднесуваа сите случувања“, порача Мицкоски.

Како што додаде, сега е време Македонија да направи повеќе за секој граѓанин. Секој Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати кои вложија се’ за својата татковина.

Нагласи дека е време да се засукаат ракавите и да ги решат проблемите и повика на единство и заедничка работа./Извор:Makfax