Мицкоски на средба со Македонија 2025: Забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата

ФБ статус на Христијан Мицкоски, мандатар Денеска заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, остваривме средба со раководството на Македонија 2025. На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата,...

мај 17, 2024 - 21:00
 0  2
Мицкоски на средба со Македонија 2025: Забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата

ФБ статус на Христијан Мицкоски, мандатар

Денеска заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, остваривме средба со раководството на Македонија 2025.

На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација.

Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите.

За да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ.