Мицкоски од Косово: Договоривме конкретни чекори кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот
Мицкоски од Косово: Договоривме конкретни чекори кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: „Почитуван премиер Курти, Почитувани претставници на медиумите, Дами и господа, Драги пријатели, Со голема...
Мицкоски од Косово: Договоривме конкретни чекори кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот
ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ:
„Почитуван премиер Курти,
Почитувани претставници на медиумите,
Дами и господа,
Драги пријатели,
Со голема чест сум денес тука во Приштина.
Нашата средба беше исклучително продуктивна и исполнета со отворен и искрен дијалог, што е од клучно значење за понатамошното зајакнување на односите помеѓу двете земји.
Разговаравме за широк спектар на прашања од заеднички интерес, вклучувајќи економска соработка, зголемување на трговската размена, инфраструктурни проекти и заеднички напори за обезбедување на регионална стабилност и безбедност.
Договоривме конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот.
Исто така, посветивме внимание на образованието, културата и младите, со цел да го поттикнеме меѓусебното разбирање и да изградиме посилни врски помеѓу нашите народи.
Веруваме дека инвестирањето во овие области е инвестирање во нашата заедничка иднина.
Дискутиравме и за важноста на евроатлантските интеграции, заедничката посветеност кон европските вредности и стандарди. Убедени сме дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, и дека преку заеднички напори можеме да ги надминеме предизвиците и обезбедиме просперитет и стабилност за нашите граѓани.
Сакам да посочам нешто со кое се согласивме со мојот драг колега. Балканот предолго беше место кое интензивно ги полнеше црните хроники во европската и светската јавност. Предолго регионов потроши време на политички прашања, занемарувајќи ги прашањата од реалниот живот на граѓаните. И граѓаните на Приштина и граѓаните на Скопје или било кои други места од двете држави ги интересира подобар живот, подобар стандард, повисоки критериуми за образование. Да ги потенцираме точките кои нè обединуваат и за кои вреди заеднички да работиме. Време е да ги решаваме економските прашања. Оваа средба е токму од таква природа. Тука сме за подобар живот. Токму тоа беше нашиот мотив да ги потпишавме меморандумите и протоколите.
Првиот за енергетика, развивање на соработка за размена на електрична енергија, гас и останати енергетски потенцијали, вториот, протокол за заеднички граничен премин каде ќе се намали времето на премин на граница и третиот е образованието и соработката во оваа област. Време е да разговараме за иднина, наместо за минато. Граѓаните имаат заеднички проблеми, затоа ќе носиме и заеднички решенија. Имаме заеднички вредности кои ги споделуваме и градиме отворени односи со соседите.
На крајот, сакам искрено да му се заблагодарам на мојот колега и пријател Албин Курти за топлото гостопримство и за успешната и конструктивна средба.
Се радувам на нашата идна соработка и на конкретните резултати кои ќе произлезат од денешните разговори.
Ви благодарам на вниманието“.