Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка

Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка сè додека не постои целосно усогласување со одредбите од Договорот од Преспа, бидејќи на тој начин ќе остане без оружје за преговори, рече грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто кое денеска го имаше во утринската програма на грчката телевизија Скај. Тој...

мај 16, 2024 - 18:00
 0  4
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка

Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка сè додека не постои целосно усогласување со одредбите од Договорот од Преспа, бидејќи на тој начин ќе остане без оружје за преговори, рече грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто кое денеска го имаше во утринската програма на грчката телевизија Скај.

Тој предупреди дека отстапувањето од Договорот ќе донесе последици и на европскиот пат на Македонија и во билатералните односи критикувајќи ја конкурентската Сириза дека направила лош договор овозможувајќи да се користи придавката македонски.