Многу бргу ќе добиеме европски ориентирана влада, велат од партијата на Гаши

Многу бргу како држава ќе добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните, велат од политичката партија Алтернатива, која е дел од коалицијата „Влен“ („Вреди“). „Работните групи на ‘Влен’, како легитимен претставник на албанците и ВМРО-ДПМНЕ и како победничка партија во рамките...

мај 29, 2024 - 10:01
 0  7
Многу бргу ќе добиеме европски ориентирана влада, велат од партијата на Гаши

Многу бргу како држава ќе добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните, велат од политичката партија Алтернатива, која е дел од коалицијата „Влен“ („Вреди“).

„Работните групи на ‘Влен’, како легитимен претставник на албанците и ВМРО-ДПМНЕ и како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада, успешно го завршија процесот на интегрирање на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши. Во меѓувреме, ја информираме јавноста дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон“, се додава во соопштението.

Во Собранието почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. На дневен ред се избор на верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието – функција што е превидено да ја извршува Африм Гаши од Алтернативата./Извор:Makfax