На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека до половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е од 15 до 30 минути. На другите гранични премини од македонска...

јуни 25, 2024 - 01:01
 0  1
На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека до половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е од 15 до 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Поради вршење градежни активности на објект – реконструкција со проширување на регионалниот пат Р1109, делница Понов мост – влез во Богданци, сметано од 24.6.2024 година, ќе биде поставен привремен режим на сообраќај.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./Извор:Makfax