Над 20 загинати во пожар во продавница во Мексико
Во пожар што избувнал во продавница во градот Ермосиљо, на северозападот на Мексико, загинале повеќе од 20 лица, пренесуваат локалните медиуми. Претседателката Клаудија Шејнбаум изрази сочувство до семејствата на загинатите и соопшти дека испратила тимови за помош на повредените и нивните блиски, пренесе „Ројтерс“. Градоначалникот на Ермосиљо потврди дека бројот...
Во пожар што избувнал во продавница во градот Ермосиљо, на северозападот на Мексико, загинале повеќе од 20 лица, пренесуваат локалните медиуми.
Претседателката Клаудија Шејнбаум изрази сочувство до семејствата на загинатите и соопшти дека испратила тимови за помош на повредените и нивните блиски, пренесе „Ројтерс“.
Градоначалникот на Ермосиљо потврди дека бројот на жртвите е голем, а началникот на противпожарната служба изјави дека причината за пожарот сè уште не е утврдена./Извор:Makfax