Наумоски: Се надевам дека еден ден ќе дочекам да живеам во земја којашто е членка на Европска Унија

„СДСМ има поголеми коалициски капацитети од ВМРО-ДПМНЕ, но гледајќи ги овие седум кандидати вчера што трчаа за претседател во првиот круг, се гледа дека СДСМ може да се надева на само еден од нив да ги поддржи во вториот круг, а другите пет да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, што укажува дека...

април 26, 2024 - 13:00
 0  0
Наумоски: Се надевам дека еден ден ќе дочекам да живеам во земја којашто е членка на Европска Унија

„СДСМ има поголеми коалициски капацитети од ВМРО-ДПМНЕ, но гледајќи ги овие седум кандидати вчера што трчаа за претседател во првиот круг, се гледа дека СДСМ може да се надева на само еден од нив да ги поддржи во вториот круг, а другите пет да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, што укажува дека коалицискиот капацитет е илузија и дека расположението во политиката е таков да тие ја имаат изгубено довербата и кај таквите потенцијални партнери коишто едвај чекаат да се фрлат во прегратките на својот бивши силувач отколку во прегратките на нивниот бивш партнер со којшто соработувале во Владата“, рече на интервју на Слободен печат во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн. Мк.

Во однос на прашањето дали местото на Македонија е во Европска Унија, тој одговори дека се надева на тоа.

„Се надевам дека еден ден ќе дочекам да живеам во земја којашто е членка на Европска Унија. Разочарувачки е тоа што европската поддршка опадна изминатите години и тоа не го вина на Македонија туку на самата Европска Унија и нејзините членки и притоа не мислам само на Грција, туку и на Франција, Бугарија“, заклучи Наумоски.