Наумов и Давидовски од Штрих: Градевме независен театар и се пробивавме во време на корона, кога беше уште потешко луѓето да не дознаат

„Се започна кога дипломиравме, јас и мојот колега Томислав, игравме една сцена каде што бевме постар и помлад брат, дипломска претстава. Потоа дојдов со идеја да правиме нешто независно, го преведовме текстот ‘Вистинскиот запад’ на Сем Шепард и не знаевме што понатаму“ рече актерот Марјан Наумов од независниот театар „Штрих“...

април 18, 2024 - 18:00
 0  0
Наумов и Давидовски од Штрих: Градевме независен театар и се пробивавме во време на корона, кога беше уште потешко луѓето да не дознаат

„Се започна кога дипломиравме, јас и мојот колега Томислав, игравме една сцена каде што бевме постар и помлад брат, дипломска претстава. Потоа дојдов со идеја да правиме нешто независно, го преведовме текстот ‘Вистинскиот запад’ на Сем Шепард и не знаевме што понатаму“ рече актерот Марјан Наумов од независниот театар „Штрих“ во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека потоа го пронашле режисерот Борис Василески, па им се приклучила и Ава Хусеини и ја направиле екипата со која е формирано здружението „Штрих“.

„Кога аплицираш за некои грантови или средства како физичко лице, си никој и ништо. А кога си здружение има поголема шанса некој да ти отвори врата, така тргна целата идеја. Нас ни беше тешко бидејќи не фати короната. Кога никој не те знае, треба да градиш име, а ние немавме ни услови за тоа“ рече актерот Томислав Давидовски.

Тој додаде за првата претстава на „Штрих“, добиле поддршка од Битолскиот тетар, каде што им ги отвориле вратите и два месеца вежбале во нивните простории.