Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили, соопшти денеска гувернерот Сергеј Меликов за новиот биланс на нападите. Во неделата беа извршени неколку напади врз синагога и црква во Дербент, како и врз православна црква и две полициски...

јуни 24, 2024 - 14:01
 0  3
Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во кординарани терористички напади во Русија

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили, соопшти денеска гувернерот Сергеј Меликов за новиот биланс на нападите.

Во неделата беа извршени неколку напади врз синагога и црква во Дербент, како и врз православна црква и две полициски станици во Махачкала. Во овие градови е воведен режим на антитерористичка операција, соопштија дагестанските власти.

„Повеќе од 15 полицајци се жртви на терористички напад“, изјави Меликов на својот канал на „Телеграм“ по резултатите од оперативниот штаб формиран по нападите во Дербент и Махачкала./Извор:Makfax